Над 40 степени ќе не пржат до средината на наредната седмица

Многу топлото време со температури и над 40 степени ќе се задржи до средината на наредната недела.
Од УХМР информираат дека утре времето ќе биде многу топло со зголемена облачност во текот на денот и со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Потоа до среда ќе се задржи сончево и многу топло време. Максималната температура во наредните денови ќе достигне до 41 степен Целзиусов.
Ќе биде активирано жолто, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури и УВ зрачење, информираат од УХМР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.