– Националниот институт за јавно здравје во Романија денеска соопшти дека во периодот од 1-ви до 28 јануари 2024 година во земјата се потврдени 4.205 случаи на сипаници, меѓу кои и шест смртни случаи.
Само во последната недела се регистрирани 459 нови случаи и два смртни случаи, покажуваат податоците.
- Објекти заведени со вредност од еден денар и нецелосни пописи во Министерството за дигитална трансформација, оттаму тврдат дека проблемите се наследениНајголем дел од проблемите што ги констатира Државниот завод за ревизија во Министерството… Read more: Објекти заведени со вредност од еден денар и нецелосни пописи во Министерството за дигитална трансформација, оттаму тврдат дека проблемите се наследени
- Неговиот човек раскажува за моментот кога Вучиќ дознал дека ги изгубил изборите во СрбијаПретседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, го коментираше изборниот пораз на… Read more: Неговиот човек раскажува за моментот кога Вучиќ дознал дека ги изгубил изборите во Србија
- Мицкоски: Целта е јасна да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен животДенес зборуваме за една од најважните теми за секое општество. За работата. За… Read more: Мицкоски: Целта е јасна да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот
- Колкава плата ви е потребна за да бидете богати во Германија?Колку нето приход има некој од средната класа и каде започнува богатството? Институтот… Read more: Колкава плата ви е потребна за да бидете богати во Германија?
- Хаџиу ја избра Македонија за својата прва официјална посета како претседателка на косовското СобраниеПретседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателката на Собранието на… Read more: Хаџиу ја избра Македонија за својата прва официјална посета како претседателка на косовското Собрание
На почетокот на декември 2023 година, Министерството за здравство на Романија прогласи епидемија на морбили (сипаници) на национално ниво за да се овозможи вакцинација на децата на возраст меѓу девет и 11 месеци, како и на невакцинираните, во услови на алармантен пораст на случаи на мали сипаници и големиот број хоспитализации на заболени деца во детските и инфективните болници.
Според институтот, еден од двата смртни случаи е регистриран кај осуммесечно момче од областа Брашов. Детето имало коморбидитет: Прадер-Вили синдром. Вториот смртен случај е регистриран кај 24-годишен млад човек од округот Муреш, невакциниран против морбили, кој имал семеен контакт со потврден случај на мали сипаници (невакцинирано лице). Имал и коморбидитет: тешка ментална ретардација.
Над 4.200 потврдени случаи на сипаници се регистрирани во 39 окрузи и во Букурешт, со најголем број случаи во окрузите Брашов (892), Муреш (849), Клуж (205), Џурџиу (212) и главниот град Букурешт (590).
Во периодот од 6 декември 2023 до 28 јануари 2024 година, според Националниот електронски регистар на вакцини, со вакцина против сипаници, заушки и рубеола биле вакцинирани вкупно 53.477 деца, од кои 8.971 биле на возраст од 9 до 11 месеци.
Пронајдете не на следниве мрежи:



