Над 60 илјади Кинези ќе останат без домови поради брана

Кина очекува дека околу 60 илјади луѓе ќе останат без своите домови во југозападниот дел од земјата, доколку се продолжи со спроведување на планот за изградба на четири брани на последната кинеска река со природен тек, соопштија локалните функционер во четвртокот со што ги изнесоа првите владини процени за потребните преселувања.

 Киенскиот премиер на заминување Вен Џиабао, инаку геолог по професија, во 2005 година по приговорите на екологистите стави вето на изградбата на браната во покраината Јунан на реката Ну која е под заштита на УНЕСКО.
Меѓутоа, кон крајот на јануари кинеската влада неочекувано најави дека изградбата на браната ќе продолжи. Челникот на комунистичката партија во покраината Јунан, Кин Гуангронг им изјави на медиумите дека работите сѐ уште не започнале, но Ли Симинг, началник на префектурата којашто се наоѓа на границата со Мијанмар каде што ќе се гради браната, изјави дека локалните власти веќе почнале да го разгледуваат преселувањето на населението.
„Почетните процени се дека ќе мора да бидат преселени 60 илјади луѓе. Уште не сем дошле во фаза на разгледување каде ќе бидат преселени. Нема уште детали ниту за тоа дали проектот кога и да е ќе биде остварен “, рече Ли Симинг за Reuters. Повеќето од населението припаѓаат на етничкото малцинство Лису.
Макфакс
Кина очекува дека околу 60 илјади луѓе ќе останат без своите домови во југозападниот дел од земјата, доколку се продол

Пронајдете не на следниве мрежи: