Наместо Гаши, за Илинден, Бендевска ќе ја предводи делегацијата во Прохор Пчински и Пелинце

По повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Весна Бендевска, заедно со собраниска делегација во состав: Бране Петрушевски, Никола Коњановски, Даниела Николова и Даниел Стојчевски, ќе одбележи 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.

Државна делегација, предводена од потпретседателката Бендевска, ќе го одбележи 2 Август – Илинден, во манастирот Прохор Пчински.

Пронајдете не на следниве мрежи: