Наместо државјанство /////, ќе стои – македонско/граѓанин на Република Северна Македонија

Графата “државјанство“ во изводите за родени, венчани и умрени ќе биде пополнета македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, велат за МИА од Управа за водење на матични книги.
Во врска со реакциите во јавноста за пополнување на графите во полето државјанство со коси црти (/////), од Управата посочуваат дека тоа било така, бидејќи морало да се спроведе соодветна процедура во електронскиот систем за издавање изводи од родени, венчани и умрени.
– Согласно член 2 став 3 од Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија, во графата „државјанство“ во изводите за родени, венчани и умрени, издадени пред и по стапувањето во сила на Конечната спогодба помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, треба да биде впишано македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, појаснуваат од Управата за водење на матичните книги.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.