Наместо исчистени улици – скратени автобуски линии

Поради снегот денес во Скопје повеќе градски и приградски автобуски линии се скратени. Не сообраќаат автобусите до Средно Водно и до Нерези (Македонско село) и приградските линии 64, 74, 80 а и 81.
Како што соопшти ЈСП „Скопје“, од приградските линии автобусот со број 58 наместо до селото Добри Дол сообраќа до општина Сопиште. Автобусите со број 11 и 11а сообраќаат до Дексион рампа, 18а до црквата во Визбегово, а 32 до Сарај.
Автобусот со број 47 сообраќа до крстосницата во село Љубанци, а 47а до влезот на селото Љуботен. Автобусот со број 51а сообраќа до мостот во Моране, 53 до селото Катланово, 55б до крстосницата во Арачиново, а 55в наместо до Грушино оди до депонијата.
Автобуската линија со број 56 наместо до селото Бојане сообраќа до патот за Бојане (Расадник), 56а до патот за Копаница (подвозник), 60 наместо до Матка оди до селото Шишево, 64а наместо до Никиштани сообраќа до Орман.
Автобусот со број 70 наместо до Батинци сообраќа по новиот пат до Дризла, 71 кој сообраќа до селото Бањани денес оди по коцката, во двата правци. Автобусот со број 160 сообраќа до селото Шишево, 164 за Кучково воопшто не соообраќа, а за Никиштани оди до Орман, 165 не сообраќа само за селото Виниче, 167 не сообраќа само за Страхојадица, а 180 оди до патот за Маркова река.
Граѓаните за детален преглед на скратените линии може да ја посетат веб-страницaта на ЈСП „Скопје“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.