Намирници за кои мислите дека се диетални, но всушност дебелеат

Ако на намирниците пишува дека се диетални, не значи дека не дебелеат. Ако се обидувате да изгубите килограми, сигурно сте купиле некоја од овие намирници, убедени дека ќе ви помогне да го намалите внесот на калории.
Намирници за кои мислите дека се диетални, но всушност дебелеат
Диетален јогурт
Диеталниот јогурт е популарен кај сите што сакаат да го намалат внесот на калории. Овој јогурт содржи помалку калории, масти и шеќер од обичниот, но диеталните јогурти честопати се повеќе обработени и имаат повеќе вештачки состојки.
Покрај тоа, мастите се корисна хранлива состојка кога се консумираат во умерени количини и ви помагаат да останете сити подолго време. Ако сакате јогурт, подобро е да пиете обичен отколку диетален.
Зелен чај
Зелениот чај често се карактеризира како волшебен пијалок за слабеење. Иако има многу здравствени придобивки, истражувањата покажуваат дека има минимално влијание врз слабеењето. Не е штетно да пиете чаша зелен чај секој ден, но голема е веројатноста дека нема да ги изгубите вишокот килограми поради него.
Оризови галети
Оризовите галети имаат многу малку калории, но и многу малку хранливи материи. Ќе ви требаат повеќе парчиња за да се чувствувате сити, а тоа нема да придонесе за губење на вишокот килограми.
Диетални газирани пијалаци
Ако сте зависник од газирани пијалаци, можеби ви се чини како добра идеја да пиете диетални пијалаци наместо обични. Сепак, некои истражувања покажуваат дека пијалаците со вештачки засладувачи можат да ја зголемат желбата за шеќер и да го поттикнат зголемувањето на телесната тежина.
Нискокалоричен сладолед
Иако се рекламираат како поздрава опција, нискокалоричните сладоледи не се толку здрави. Ако имаат помалку шеќер, најверојатно содржат повеќе заситени масти. Ако, пак, содржат помалку масти, веројатно содржат повеќе шеќер.
Обезмастено млеко
Обезмастеното млеко со малку мрснотии или без мрснотии се рекламира како поздрава опција, но истражувањата покажаа дека луѓето кои консумираат полномасно млеко обично имаат помалку килограми. Можеби затоа што тие се сити подолго време поради мастите што ги содржи млекото.
Протеински плочки
Иако се смета дека протеинските плочки се здрави, за жал, многу од нив имаат многу калории, масти и додадени шеќери и тие го поттикнуваат зголемувањето на телесната тежина. Ако веќе купувате протеински плочки, нека имаат што повеќе природни состојки, но не јадете ги секој ден.
Јаболков оцет
Јаболковиот оцет е исто така еден од најпопуларните трикови за слабеење. Оние кои го промовираат велат дека го намалува гладот и помага при слабеење, но постојат многу малку докази што ги поддржуваат овие тврдења.
Кокосово масло
Ова масло се промовира како сојузник во согорувањето калории, но е богато со заситени масти и може да го подигне нивото на холестерол.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.