Нападнал полицаец зошто му пишал казна

Синоќа, на улицата „Кеј Димитар Влахов“ во Скопје триесетгодишник со иницијали, А.Д. физички нападнал полиацаец. Според пријавата, лицето го нападнало полицискиот службеник откако му бил издаден налог за глоба за сторен сообраќаен прекршок.
Триесетгодишникот, кој е од селото Страхојадица, општина Зелениково, бил приведен по настанот. Oд МВР велат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.