Вооружените сили на Русија денеска околу 12 часот по средноевропско време спречија нов напад на Крим. Обид за напад со ракети со авијација.
Руските системи за противвоздушна одбрана соборија две ракети над Црното Море, во близина на западниот брег на полуостровот, соопшти руското Министерство за одбрана. Малку подоцна Министерството за одбрана на Руската Федерација додаде дека била соборена уште една ракета.
Од Министерството наведуваат дека се работи за обид за терористички напад.
- (Фото) Меџити: Розовиот октомври нè обединува во солидарност, грижата за здравјето на жените е секојдневна одговорностОпштина Чаир организираше посебна вечер посветена на Розовиот октомври, меѓународниот месец за… Read more: (Фото) Меџити: Розовиот октомври нè обединува во солидарност, грижата за здравјето на жените е секојдневна одговорност
- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на ВучиќПотпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна странка (СНС), Ана Брнабиќ, обвини… Read more: Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би имал разорно влијание на меѓународните берзи за гасШефот на иранската дипломатија Абас Арагчи предупреди дека ако Израел повторно го… Read more: Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би имал разорно влијание на меѓународните берзи за гас
- Нетанјаху тврди дека „арапските партии ги украле изборите“: Тој нуди пликови со пари како доказПартијата Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврди дека арапските партии ги… Read more: Нетанјаху тврди дека „арапските партии ги украле изборите“: Тој нуди пликови со пари како доказ
- Трамп: Наскоро состанок меѓу Путин и ЗеленскиАмериканскиот претседател Доналд Трамп очекува дека наскоро ќе се одржи средба меѓу… Read more: Трамп: Наскоро состанок меѓу Путин и Зеленски
Гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, на Телеграм објави дека ракета била отфрлена во близина на Севастопол, главниот пристанишен град на Крим и базата на руската Црноморска флота.
Гувернерот на Херсонската област Владимир Салдо исто така изјави дека над тој регион биле соборени два проектили на вооружените сили на Украина, кои биле испратени на Крим. Прогласена е ракетна закана на територијата на областа.
Во меѓувреме, податоците на познатиот веб-сајт „Флајтрадар24“ покажуваат дека непознат авион на американската морнарица летал во близина на западниот брег на Крим за време на украинските напади на полуостровот, пренесува ТАСС.
Авионот, како што се наведува, летал на оддалеченост од околу 250 километри од брегот во воздушниот простор на Романија, над Црното Море.
Траекторијата на авионот открива дека авионот го започнал својот лет на Сицилија, во близина на американската база во Сигонела.
Да потсетиме, денеска во истите часови украинската армија изврши напад на Доњецк, во кој животот го загубија најмалку 25 лица, а 20 се ранети.
Пронајдете не на следниве мрежи:



