четврток, 12 ноември 2026
Најново

Напад на полиција во Чаир, семејство со пиштол се пресметувало и со службеници

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Насилен инцидент проследен со обид за вооружен напад завршил со апсење на четири лица, меѓу кои и еден малолетник, на подрачјето на скопската општина Чаир. Според информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР), приведените не само што учествувале во претходна физичка пресметка, туку и се спротивставиле на полицијата при интервенцијата.

Инцидентот се случил на 5 август 2025 година околу 22:50 часот, кога 24-годишните Бе.Р. и Б.Р., двајца браќа од Скопје, физички го нападнале Б.С. од Скопје. За време на нападот, Бе.Р. извадил пиштол со намера да пука, по што двајцата побегнале од местото на настанот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Полицијата брзо интервенирала, а околу 23:30 часот ги пронашла осомничените на подрачјето на Чаир. Таму наишле и на нивниот татко К.Р. (54) и на 14-годишниот брат. Наместо да соработуваат, сите четворица физички ги нападнале полициските службеници. По нападот, тие биле веднаш лишени од слобода.

Според МВР, кај приведените е пронајден и одземен огненото оружје. За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на инцидентот, против сите четворица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, меѓу кои и за напад на службено лице и незаконско поседување оружје.

Поврзани вести