Печеното пилешко ги апсорбира сите ароми на зеленчукот, додека златниот сладок компир се топи под виљушката. Нешто цитрусно, нешто со мед и доволно зачин за да ви го разгори апетитот при првиот мирис од рерната.Секој залак од овој рецепт е мек и сочен. Сè мириса на топлината на домот, со освежителен вкус на лимон во позадина. Не ви се потребни никакви посебни проозводи за да го направите ова јадење.
Состојки
800 г пилешко филе (бут, батак)
300 г слатки компири
150 г тиквички
100 г свежи пиперки
1 главица црвен кромид
2 чешниња лук
1 лажичка сол
Мешавина од зачини
1 лажичка пипер
лимон
мед
лист од магдонос
мајчина душица
ПодготовкаИсечете го пилешкото, слаткиот компир, тиквичката и пиперката на коцки. Ситно исечкајте го црвениот кромид и лукот. Зачинете сè со сол, бибер, мешавина од зачини и мед. Печете во рерна на 180 степени еден час. Кога месото и зеленчукот ќе се сварат, послужете и декорирајте со свежи билки.



