Направете лековита вода со додаток на едно магично растение – една чаша гарантира добро здравје

Окра или бамја е едногодишно тропско растение кое потекнува од Африка и припаѓа на семејството слезови. Се одликува со големи жолти цветови.
Во источната медицина со векови се користи во лекување на разни заболувања, како дигестивни проблеми и цревни потешкотии, а исто така го регулира и нивото на шеќер во крвта, го намалува холестеролот, ја подобрува цревната флора и ја поттикнува правилната работа на црниот дроб. Освен тоа, му дава сила на организмот.
Токму поради сите тие благодети, бамјата е позната и како “билка од Божјата градина”. Таа е богата со јаглехидрати, магнезиум, протеини, влакна, фолна киселина и витамините Б6, А и Ц.
100 грама бамја содржи само 36 калории. Нејзината берба започнува кон крајот на мај или почетокот на јуни и трае до крајот на септември, односно почетокот на октомври.
Во продолжение ви претставуваме рецепт за лековита вода со ова моќно растение:


Потребни состојки:
– 4-5 плодови бамја со средна големина
– 1 чаша вода
– сол и бибер (по желба)
Начин на припрема:
1. Добро измијте ја бамјата под млаз вода.
2. Исечете ги двата краеви на плодовите и пресечете ги на половина. Можете да ја пробушите со нож секоја од страните.
3. Вака исечени, ставете ги плодовите во чаша вода или сад со вода и оставете да отстојат 8 часа (најдобро преку ноќ). По желба, можете да ги чувате во водата и до 24 часа.
4. Наутро истискајте ги плодовите и исцедете го преостанатиот сок од нив во водата.
5. Отстранете ја бамјата од водата и по желба додадете сол и бибер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.