четврток, 12 ноември 2026
Најново

Направете пилинг од НЕКОЛКУ СОСТОЈКИ: Ги отстранува мртвите клетки од кожата и истовремено ја хидрира (РЕЦЕПТ)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Љубителите на кафето не само што живеат подолго, тие исто така се поубави! Употребата на кафето не мора да се ограничи само за расонување и енергија, туку и за разубавување. Покрај тоа што е лек за повеќе болести, кафето може да се најде како дел од козметичките препарати за разубавување.

Благодетите на кафето се многубројни, а во комбинација со мед и маслиново масло ќе добиете одличен ексфолијант. Ја чисти и освежува кожата, а исто така е природен антиоксидант.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Потребни состојки:

1 филџан крупно мелено кафе
½ филџан мед
неколку лажички маслиново масло

 
Начин на подготовка:
Во еден сад измешајте ги горенаведените состојки и нанесете на претходно измиено лице. Нанесувајте го со нежни кружни движења во насока кон надвор. Откако добро ќе ја вмасирате смесата, оставете ја неколку минути на лицето и мирувајте. Потоа темелно исплакнете го лицето. Не повторувајте го пилингот премногу често, доволно е еднаш на две недели или еден месец. Истите состојки, само во поголеми количини може да ги искористите за правење пилинг на тело.