Киселите пиперки полнети со зелка се традиционално зимско јадење кое е омилено кај многумина во зимските денови. Потребно ви е малку време и трпение зимско капутче .Состојки:4 кг пиперка,4 кг рендана зелкаЗа дресинг:1 литар оцет3 литри вода250 г шеќер200 г сол1 лоза од грозје1 конзерванс20 или 30 г пипер (по вкус)Подготовка:Дресингот за пиперките и зелката сварете го еден ден претходно, бидејќи мора да биде ладен.Ставете ги сите состојки за дресингот во голем сад и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие, варете 15 минути и изладете.Прво измијте ги пиперките и оставете ги да се исцедат, изрендајте ја зелката и посолете ја.Оставете 10 минути за да омекне зелката. Потоа наполнете ја пиперката со зелка.Кога теглата ќе се наполни, свртете ја наопаку и истурете го вишокот вода, а потоа прелијте со ладен дресинг.Оставете ги теглите на ладно место.
Пронајдете не на следниве мрежи:



