четврток, 26 ноември 2026
Најново

Направете проверка на податоците: Фејсбук бил хакиран

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека денеска скоро 50 милиони корисници биле изложени на безбедносен проблем. Ранливоста во заштитата на податоци хакерите можеле да ја искористат преку опцијата „Вју ез“ (View As).
Компанијата на почетокот од оваа недела откри дека дошло до упад на системот, откривајќи дека хакерите ја користеле опцијата во кодот на Фејсбук, која им овозможила преземање на кориснички профили.


Фејсбук го „среди“ овој проблем и како што наведуваат во соопштението, надлежните органи се известени за истиот.
Денеска утринава повеќе од 50 милиони корисници на Фејсбук биле присилени да се одлогираат од профилот, што е вообичаена мерка за безбедност за профили кои се нападнати.
Компанијата навела дека не знае кој стои зад овој масивен напад, како ни дека уште не успеале да ја проценат неговата обемност. Како што навеле, уште се во почетна фаза на истрагата.

Поврзани вести