четврток, 12 ноември 2026
Најново

Направете сами: Само неколку состојки и кажете ѝ збогум на мртвата и стара кожа на стапалата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сувите петици им се проблем на многу жени. Колку и да ги негуваме стапалата и редовно да посетуваме педикир, тие повторно се сушат. Затоа, самите можете да направите маска од „аспирин“, која е многу едноставна и евтина.

Потребни ви се една лажичка бикарбона, 2 апчиња столчен „аспирин“, една кесичка лимонска киселина и малку топла вода. Измешајте ја смесата, намачкајте ги петиците, ставете најлони на нозете и облечете чорапи.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Оставете да дејствува 15-20 минути. Потоа излупете ја смесата, а мртвата кожа сама ќе испадне со неа.

На крајот намачкајте крем за стапала.