Направете сами спреј против комарци на природна база

Секој од нас може да направи спреј што е безбеден за здравјето и многу ефикасен во борбата против досадните инсекти, особено комарците.


Инсектите обично не нè поштедуваат, па затоа не можеме да ги игнорираме, мислејќи дека ќе се откажат и ќе избегаат. Ние мораме да ги „уништиме“ и ова се прави со помош на домашните препарати на природна база.
Секој од нас може да направи спреј кој е безбеден за нашето здравје и многу ефикасен во борбата против досадните инсекти, особено комарците.


Потребно е само половина литар чист алкохол, 100 грама каранфилчиња и 100 мл масло од рузмарин, бадем или лаванда.
Потопете го каранфилчето во алкохол, покријте го и оставете го да отстои. Смесата мешајте ја наутро и навечер. По четири дена додајте го маслото, добро промешајте и пресипете во шише со распрснувач. Доволно е неколку капки од спрејот да прснете на телото, да го измасирате во кожата и гледајте како комарците ве заобиколуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.