Напредок во ревизијата на македонските и грчките учебници по историја

Само еден ден по министерскиот состанок во Солун грчките медиуми, повикувајќи се на извори од делегациите, јавуваат дека преговорите околу ревизијата на учебниците по историја предвидена со Договорот од Преспа, напредувале.
Високи претставници на Грција и на Македонија соопштиле дека е остварен напредок во преговорите за воведување измени во учебниците во двете земји, во рамките на напорите за ставање крај на непријателствата меѓу нив, пишува грчкиот весник „Екатимерини“.
Весникот, исто така ја пренесува изјавата на заменикот шеф на грчката дипломатија Катругалос дека „Историјата треба да биде можност за учење во училиштата, а не ментален затвор“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.