Нарачала торта „еднорог“ за својата ќерка, но она што го добила е срамно

Александра Шредер од Мичиген долго го планирала 5. роденден на својата ќерка, но вели дека се` се претворило во катастрофа поради слаткарницата од каде ја нарачала тортата во облик на еднорог.
Од слаткарницата, покрај тортата, изнајмила и простор за 13 луѓе. За тоа платила повеќе од 350 долари, но вели дека слаткарницата обезбедила само една маса и 6 столчиња.
Тортата пак, била далеку од очекувањата.


-Рогот кој излегуваше од тортата беше срамен. Се гледаа траги од прсти на него и не беше златен. Кога прашав дали може да ја видам тортата пред забавата ми рекоа дека не е готова, изјавила Александра која се пожалила на социјалните мрежи, откако од слаткарницата ја обвиниле дека таа и нејзините гости го уништиле просторот за забава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.