Наредниот викенд е продолжен, понеделник е неработен

Наредниот викенд е продолжен, понеделник е неработен!

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за
празниците на РМ(„Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај (недела) е
државен празник „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители. Исто
така, 24 мај (недела) е државен празник на Република Северна Македонија – Рамазан
Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.
Понеделник, 25 мај е неработен ден за сите граѓани на Република Северна
Македонија.
Министерството за труд и социјална политика им ги честита празниците на граѓаните.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.