четврток, 12 ноември 2026
Најново

Насилник од Аеродром двапати ја нападнал сопругата, тепал и минувач кој сакал да ја одбрани

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Завчера пред полноќ, жена од скопско пријавила во полиција дека во два наврата била нападната од нејзиниот сопруг, кој нападнал и минувач кој се вмешал и сакал да ја одбрани, соопшти МВР.

„На 21.05.2025 во 00:28 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од скопско пријавила дека околу 00.10 часот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг Ѓ.И.(39), кој ѝ го оштетил мобилниот телефон и кој потоа физички нападнал ѝ едно машко лице. Исто така, истиот ден во 18:40 часот таа пријавила дека на паркинг-простор на подрачјето на Гази Баба, сопругот повторно физички ја нападнал и го оштетил нејзиното возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Поврзани вести