Шестмина насилници од Скопје се уапсени затоа што во селото Трубарево нападнале татко и неговите двајца малолетни синови, а потоа биле и агресивни кон полицајците кои дошле да интервенираат, соопшти МВР.
„На 11.08.2025 во 20:35 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Џ.Ј.(32), А.Р.(39), А.Р.(36), Ш.Р.(39), Р.С.(35), Е.И.(27) и еден малолетник, сите од Скопје, затоа што А.Р.(39), А.Р.(36) и Џ.Ј. физички ги нападнале Д.Т.(47) и неговите две малолетни деца, при што употребиле тврди предмети, а потоа заедно со останатите лица агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од полицијата.



