сабота, 21 ноември 2026
Најново

Насилни протести во Тирана: Молотови коктели фрлени кон кабинетот на Рама

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Албанската опозиција вечерва протестираше во Тирана, но без говори на политичките лидери на Демократската партија или другите опозициски партии. Толпата се упати кон кабинетот на премиерот Еди Рама каде фрлале со молотови коктели, јавува „A2CNN“.Албанската опозиција побарала дозвола од полицијата за четиричасовен митинг пред премиерскиот кабинет.Лидерот на Слободарската партија, Илир Мета и претставници на оваа опозициска партија се приклучиле на протестот што Демократската партија го свикала на булеварот „Маченици на нацијата“ пред кабинетот на премиерот.Демонстрантите најпрвин се собрале на плоштадот „Скендербег“, а претходно го блокираа и патот кон Градската управа.

Поврзани вести