Елизабет Харли ги почести своите фанови со нов материјал од нејзиниот одмор; и додека таа ужива на Малдивите, нејзините следбеници уживаат во она што таа им го подарила.Актерката и модел Елизабет Харли моментално одмара на Малдивите, а нејзините нови фотографии повторно се најдоа во центарот на вниманието, а се чини дека познатата убавица која наскоро ќе наполни 60 години , сепак може да се класифицира како една од оние дами кои едноставно прекрасно стареат.Во бикини од нејзината колекција покажа неверојатно витка линија и младешки изглед на кој би и позавиделе и многу помладите, а позираше во плитко со фокус на величественото зајдисонце. Сепак, чие внимание успеа таа глетка да го оттргне од неа? Речиси никој не…„ Најпрекрасното зајдисонце на прекрасните Малдиви “, напиша Елизабет покрај видеото што го објави на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1)Комплименти доби и за природно брановидната коса, а изгледот во бикини го комплетираше со големи очила за сонце.На фотографијата направена малку порано таа позира во ист модел на бикини, но во различна боја, а се сликаше во профил, па нејзините витки нозе и задникот беа во преден план. View this post on Instagram A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1)
Пронајдете не на следниве мрежи: