четврток, 12 ноември 2026
Најново

Наставниците во скопска општина веќе не смеат да користат мобилни на часовите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Нема веќе употреба на мобилни телефони во скопската општина Ѓорче Петров.
Дали се согласуваат наставниците со одлуката на Наумовски не знаеме но јасно е дека градоначалникот издал таква наредба, и доколку некој не ја почитува ќе се соочи со дисциплинска мерка.
Како што соопшти самиот Наумовски целта на оваа одлука е непречено да се одвива наставниот процес а мерката ќе почне да важи во второто полугодие.


Наумовски информираше дека наставниците за потребите на наставата нема да бидат спречени да користат друга информациско-комуникациска технологија.
Од друга страна пак мобилните на учениците ќе бидат исклучени и ставени на одредено место за време на часовите, што значи дека ќе можат да ги носат во школо, но не и да ги употребуваат за време на наставата.

Поврзани вести