НАТО ги напушта клучните покраини во Авганистан

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и команданта на НАТО во земјата постигнале договор за заминување на странските војници од стратешки важните покраина во близината на главниот град Кабул.Ова во средата го пренесе агенцијата Reuters, повикувајќи се на соопштение издадено од командата на коалициските меѓународни сили во Авганистан, но која меѓутоа забележува дека не е јасно дали тие области ќе ги напуштат и припадниците на американските специјални сили како што тоа беше барано од авганистанските власти и локалното население.Портпаролот на авганистанското министерство за одбрана на новинарите во Кабул им изјавил дека елитните американски воени сили ќе ја напуштат централната област Мајдан Вардак во рок од неколку дена, и покрај претходните американски стравувања дека нивното заминување ќе остави своевиден безбедносен вакуум.Силите на НАТО во мисијата за помош во безбедноста на Авганистан – ИСАФ, во соопштението објавија дека авганистанските сили ќе ги преземат безбедносните обврски од коалициските сили во покраината Мајдан Вардак, но во него не е посебно истакнато повлекувањето на американските специјални сили.Прашањето за заминување на американските специјалци ги поттикна стравувањата дека Вардак, оддалечен од 40 минути возење од главниот град Кабул, талибаните и припадниците на групата Хезб-и-Исламија би можеле да ја искористат како база за нападите врз главниот град.Стотици демонстранти излегоа во саботата во авганистанската провинција Вардак пред зградата на парламентот во Кабул на антиамерикански протести.Стотиците демонстранти протестирале против „големата непристрасност” на американските војници и побарале нивно повлекување од централната покраина Мајдан Вардак, се додава во извештајот на агенцијата при што се нагласува дека протестот минал без инциденти и насилства.Како одговор на поплаките на локалното цивилно население против припадниците на американските специјални сили, Националниот совет за безбедност на Авганистан пред три седмици упати до министерството за одбрана барање да бидат префрлени странските војници од централната провинција Мајдан Вардак.Иако крајниот рок што беше даден за оваа операција, истече на 10-ти март, војниците на меѓународната коалиција сепак сé уште остануваат во оваа централна покраинаПред три седмици, Националниот совет за безбедност, со кој претседава авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, изјави дека во рок од две седмици целиот состав на американските специјални сили ќе ја напуштат покраината Вардак, што досега не се случи.Претходно лидерите и старешините на локалните заедници на состанокот со претседателот Карзаи го информира за самоволијата „на Американци и Авганистанци кои носат воени униформи.” Специјалната комисија утврди дека во покраината дејствуваат преоблечени во воени униформи припадници на бунтовничките групи коишто ги убиваат цивилите. Авганистанскиот Совет за безбедност донесе одлука американските воени единици да ја напуштат покраината, но претставници на САД соопштија дека во тој случај безбедносната ситуација во главниот град Кабул драстично ќе се влоши.
МакфаксАвганистанскиот претседател Хамид Карзаи и команданта на НАТО во земјата постигнале договор за заминување на странскит

Пронајдете не на следниве мрежи: