НАТО се откажа од одржувањето на самитот во Тирана во 2027 година, соопшти денеска во Даблин премиерот на Албанија, Еди Рама, кој учествува на самитот на Европската политичка заедница.
– Проблемот е што сè уште не постои заеднички став за тоа кога ќе се одржи самитот, но сигурно нема да биде во 2027 година. А во 2028 година, ако се одржи самит, ќе се одржи во Тирана – рече Рама.
Ројтерс во јуни објави дека одржувањето на самитот во Албанија во 2027 година е доведено во прашање поради противењето на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и незадоволството на членките на НАТО од ниските издвојувања на Тирана за одбраната.
Алијансата во меѓувреме ја разгледува можноста да се откаже од досегашната практика на одржување годишни самити.
Во декларацијата усвоена на самитот во Хаг во јуни 2025 година, лидерите на НАТО најавија дека следниот состанок ќе се одржи во Турција во 2026 година, а потоа во Албанија.
Меѓутоа, во декларацијата од самитот во Анкара во јули годинава, лидерите само наведоа дека со нетрпение го очекуваат следниот состанок, без да прецизираат кога и каде ќе се одржи.






