Наум Петрески за „Бекстејџ“: Загубив 70.000 евра, живеам од платата на сопругата и пензијата на мајка ми“

Еден од најпознатите македонски фолк пејачи, Наум Петрески, во најновото интервју за „Бекстејџ“ ја отворил душата пред камерите и се пожалил дека ова се тешки времиња за него и неговото семејство.
Поради коронавирусот, естрадните уметници не се во можност да си ја работат професијата и да заработуваат од истата, а ниту Петрески не е исклучок.
„Финансиски за оваа година, колку што не работиме, јас сум во загуба некои 60-70.000 евра, а живееме од платата на сопругата, пензијата на мајка ми и нешто што сме заштедиле од порано. Но, тежок живот е ова. Цела економија е упропастена и не знам како ќе се извлечеме од оваа ситуација“.
Наум зборувал и за родната Струга која за него е посебна.
„Струга е посебно место за мене. Прво е мој роден крај, второ го имаме Дрим, го имаме езерото, имаме многу работи што ги нема во Скопје. Цела зима моите другари нуркаат, јас ќе полнам скоро 55 години и гледам да не се настинувам многу, меѓутоа летно време влегувам во вода“.
Фолк пејачот зборувал и за љубовта кон риболовот, снимањето на новата песна наречена „Гнездо“ и многу други работи кои можете да ги чуете од интервјуто во продолжение:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.