Наум Петрески ќе стане дедо, ќерка му Анастасија е бремена

Ќерката на македонскиот пејач, Наум Петрески, Анастасија Петреска на почетокот на годината му кажа „да“ на својот избраник Владимир Поповски, пејач на групата „Биоритам“. По свршувачката, естрадниот пар не направи свадба. Меѓутоа, имаат голема причина за радување, а тоа е приновата во семејството.
Имено, Анастасија е бремена и во март следната година ќе стане мајка. Оваа вест за „Женски магазин“ ја потврди идниот дедо, односно пејачот Наум.
-Многу сум радосен, немаше посреќен човек од мене кога Анастасија ми соопшти. Воопшто не ми беше важно дали ќе ни се роди внук или внука, но пресреќен сум што таа ќе роди девојче. Нека биде убава на мама и талентирана за музика на мама и на тато, изјави Петрески.
Анастасија и Владимир нема да прават голема и гламурна свадба. По раѓањето на бебето ќе направат приватна забава, а поканите ќе бидат за најблиските.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.