Науновски: ДАЛИ АРБЕР АДЕМИ ЌЕ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ МИЛОШОСКИ?

Вчерашното насилно однесување и физички напад врз Арбер Адеми од страна на пратеници на мицковистичкото дпмне и нивните коалициони партнери од „Алијанса на албанците“ на Зијадин Села,  меѓу кои предничеше пратеникот од Кичево Антонио Милошоски, го отвора прашањето зошто сеуште Арбер Адеми нема поднесено кривична пријава против него и другите.

Уште повеќе што е познато дека Антонио Милошоски е осудено лице во Германија, а овде е обвинет во случајот „моќник“ кој скандалозно уште не е завршен иако поминаа дури 4 години од поднесувањето на обвинителниот акт, во смисла на историја на криминално однесување.

На снимките се гледа дека пратеникот на мицковистичкото дпмне од Кичево го истргнува микрофонот од раката на претседателот на комисијата, при што го повредува, потоа тој се брани (нужна самоодбрана), а подоцна се гледа дека раката на Арбер Адеми е раскрварена од тој напад.

Учество во толпа која врши насилство веројатно е делото за кое треба да бидат обвинети тие околу предводникот на нападот, и чудно е зошто сеуште ОЈО и самиот Арбер Адеми не поднеле кривична пријава. Дополнително, и денес истите пратеници од мицковистичото дпмне повторно извршија насилство во Собранието и се обидоа да ја загрозат сигурноста на заменик претседателот на комисијата, г-ѓа Арта Биљали Зендели, која беше обиколена и навредувана од толпа која може да има насилни намери кон животот на жена која е на работно место.

Зошто институциите на системот не реагираат кон ова насилно однесување, останува мистерија. И дали Арбер Адеми не поднесува кривична пријава заради понудата за Премиер Албанец од страна на „лидерот“ на мицковистичкото дпмне и гушкањето со Али Ахмети, допрва ќе се дознае. Во секој случај, ваквото насилно однесување на пратениците на мицковистичкото дпмне мора да биде осудено од демократската јавност во оваа држава, а СДСМ и ДУИ мораат да ја информираат меѓународната заедница за овие скандалозни однесувања и со тоа барем да превенираат понатамошно срамно и насилно делување на пратениците на Мицковски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.