четврток, 12 ноември 2026
Најново

НАУЧЕТЕ ДА КОРИСТИТЕ ПРАВИЛНО ШАМПОН: Неколку златни правила за миење на косата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Совети за нега и убавина има многу, но многупати сакајќи да изгледаме што поубаво и поздраво, ги занемаруваме основните навики и практики при одржувањето на личната хигиена. Миењето коса си подразбира свои правила.

Еве ги главните 4:

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Помалку е повеќе, и тоа многу повеќе: Познато е дека не треба да се става многу шампон. Но, многумина не знаат колку е потребно. Ставете мала капка на раката, околу ¼ од полна голема лажица, и нанесете го на косата.

Не бидете нежни: Ставете ги рацете на задниот дел од главата и почнете енергично да го триете скалпот најмалку 3 минути. Ставете помалку шампон, а тријте подолго. Ова ќе ви биде и вежба за бицепсите.

Кондиционерот е само за косата: Не нанесувајте го на скалпот во никој случај. Нежно поминете со прстите само по должината на косата.

Не мора да расчешлувате со крупен чешел: Мит е дека е подобро доколку ја исчешлате косата со чешел. Вашата четка со боцки ќе заврши подеднакво добра работа. Само погрижете се да поминете со неа низ косата пред да го исплакнете кондиционерот.