НАУЧНИЦИТЕ ПОТВРДУВААТ ПОСТОЕЊЕ НА СУПЕРЗЕМЈА НА КОЈ БИ БИЛ МОЖЕН ЖИВОТ: Има еден проблем, тој е оддалечен од нас 20 светлосни години или 344.000 Земјини години!

Планетата HD 20794 d, „само“ оддалечена 20 светлосни години, орбитира околу ѕвезда слична на Сонцето и би можела да обезбеди важни индиции за формирањето на Земјата и животот надвор од нашиот Сончев систем.Истражувачите од Институтот за астрофизика на Канарските острови (IAC) и Универзитетот во Ла Лагуна (ULL) го потврдија постоењето на т.н. планетаЅвездата HD 20794 има малку помала маса од нашето Сонце и е оддалечена „само“ 20 светлосни години од Земјата .Терминот „супер-Земја“ не кажува ништо за површинските својства или можната населливост на планетата, но супер-Земјите даваат важни информации за различноста на планетите во нашиот универзум и нивните можни услови за живот.Новооткриената супер-Земја HD 20794 d има шест пати поголема маса од Земјата и следи елипсовидна, наместо кружна, орбита. На планетата и се потребни 647 дена за да орбитира околу „неговото Сонце“, 40 дена помалку од Марс .Со оглед на нејзината орбита, таа е на вистинско растојание од ѕвезда слична на Сонцето за да има течна вода на нејзината површина, што е предуслов за постоење на живот.

Пронајдете не на следниве мрежи: