Научници: Најдобро е чоколадо да се јаде за појадок

Со оглед на тоа дека на сите ни е важно нашиот мозок што подобро да работи во текот на денот, научниците заклучија декае најдобро чоколадо да се јаде наутро, тврдат експерти од Универзитетот во Сиракуза.
Покрај горенаведеното, науката наведува неколку други ситуации во кои црно чоколадо е повеќе од добредојдено: на пример, пред да се полага испит, но и пред спиење.


Чоколадото е наш најдобар пријател и кога сме лошо расположени; го стимулира создавањето на ендорфин, хормон кој нè прави посреќни. Покрај тоа, црното чоколадо го намалува ризикот од мозочен удар.
Познато е дека црното чоколадо во нормални количини е добро за здравјето, но чувството на вина додека се засладуваме, сепак, е присутно кај мнозинството, веројатно затоа што е многу тешко да останеме на неколку коцкички, кога пред нас сојат 100 грама.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.