Националната опера и балет ќе одржи Гала оперски концерт

На 9 октомври 2020 со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи Гала оперски концерт на кој ќе диригира Иван Еминовиќ, а ќе настапат оперските солисти Дејан Стоев, Ристе Велков, Весна Ѓиновска Илкова, Соња Пендовска Мадевска, Марика Поповиќ, Наде Талевска Спасовска, Павлина Новакова Георгиев, Драган Ампов, Злата Тошевска, Ана Ројдева, Александра Лазаревска Василев, оркестарот и хорот на Национална опера и балет. Режисер: Дејан Прошев. Концерт мајстор: Климент Тодороски. Хор мајстори: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓургица Дашиќ.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

Билетите во строго ограничен број се пуштени во продажба онлајн на www.karti.com.mk

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.