Националниот парк Маврово дел од голем ИПА проект вреден над 573 илјади евра: Ќе се изработуваат нова веб-платформа и мобилна апликација

Во Приштина денеска се одржа свечената церемонија за претставување на одобрените проекти (Grand Award Ceremony) во рамките на програмата за прекугранична соработка ИПА 3 (IPA III CBC) Косово – Македонија 2021-2027, на која учество зеде и Национален парк Маврово.На настанот, Националниот парк Маврово беше претставен од директорот Харис Ибраими, кој остварил повеќе средби со претставници и партнери вклучени во проектите. Во разговорите била потенцирана важноста од прекуграничната соработка, како и потребата од максимална посветеност за успешна реализација на планираните активности.Националниот парк Маврово е партнер во проектот „Секој чекор е важен“ – користење на екотуризмот за одржливо финансирање на прекуграничната заштита на животната средина и справување со предизвиците од климатските промени.

Носител на проектот е Национален парк Шари, а партнери се Национален парк Маврово, Национален парк Шар Планина и Општина Теарце.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 573.315 евра, а во рамките на активностите предвидени за Националниот парк Маврово ќе се реализира изработка на нова современа веб-платформа и мобилна апликација. Целта е преку модерни дигитални решенија да се доближи туристичката и природната понуда на паркот до домашните и странските посетители.

Од Националниот парк Маврово посочуваат дека и понатаму остануваат посветени на развојот, унапредувањето и зачувувањето на животната средина, изразувајќи уверување дека преку соработката со партнерите успешно ќе се реализираат сите проектни активности и дополнително ќе се зајакне прекуграничната соработка во регионот.
The post Националниот парк Маврово дел од голем ИПА проект вреден над 573 илјади евра: Ќе се изработуваат нова веб-платформа и мобилна апликација appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: