Начинот на кој миете садови може да ви го намали стресот

Според едно ново истражување од Универзитетот во Флорида, што било спроведено на 51 студент додека миеле садови, оваа активност може значително да го намали нивото на вашиот стрес, доколку го правите тоа свесно. Пред да почнеле со миење, половина од студентите прочитале краток текст во кој пишувало дека оваа активност може да ја прошири вашата свесност, додека пак, другата половина прочитала текст кој едноставно ја опишувал постапката на миење садови.
Заклучокот бил неверојатен. Додека миете садови, не треба да мислите само на активноста, туку да се обидете самите да ја проширите својата свесност така што ќе бидете целосно свесни за тоа што го правите во моментот. На прв поглед, ова можеби ќе ви изгледа малку глупаво. Зошто би фокусирале толку многу мисли во толку едноставна работа? Верувале или не, во тоа е трикот. Фактот што во моментот стоите и миете садови, додека го следите дишењето и свесни сте за својата присутност е чудесно.


„Бев особено заинтересиран за тоа како свесните активности можат да се искористат за проширување на свесноста и со тоа да се искуси добросостојба“, вели авторот на студијата, д-р Адам Хенли.
Истражувачите откриле дека луѓето што свесно мијат садови (односно што се сосредоточени на миризбата на сапунот, чувството на температурата на водата и допирањето на садовите), ја зголемиле својата инспирација за 25% и го намалиле нивото на стрес за 27%. Групата што не миела свесно садови, немала никаква корист од задачата.
„Изгледа дека сите секојдневни активности што се прават свесно и намерно, може да ја подобрат состојбата на свесноста“, заклучува авторот на студијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.