Најголемата грешка која ја правиме при држење винска чаша

Црното вино се пие во широки чаши, а пенливите вина се пијат во чаши со „потесен сад“, за да се сочуваат меурчињата.
Според винскиот бонтон, чашата не треба да се држи за садот, туку на долниот дел од чашата – не само поради отпечатоците од прстите, со што таа изгледа неуредно, туку и поради непотребно загревање на драгоцениот пијалак.
Винската чаша може да ја држите и на самото дно. За да не се случи да пиете од туѓата вода или да јадете од соседната салата, добро е да запаметите дека чашата на масата стои десно од чинијата.
Кратки правила за користење на чашата за вино


1. За црното вино секогаш користете поголеми чаши (со поголем сад). Причината е тоа што од ваквите чаши најдобро доаѓаме до букето кое ни го дава црното вино.
2. За бело вино се користат потенки чаши, а што се однесува до чашите за шампањ, тие со причина се тенки. Имено, во нив најдолго се задржуваат слатките меурчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.