Најголемото мочуриште во светот-карневал од најразни животни и бои

Познато како најголемото мочуриште во светот, Пантанал во Бразил е едно од најубавите места што човечкото око ги видело, рај за душата а и за огромен број на диви животни. Пантанал е вистински карневал на бои.  

Кога зборуваме за најголемото мочуриште во целиот свет, зборуваме за навистина огромна површина. Поточно, Пантанал зафаќа површина иста колку онаа на Португалија. Се наоѓа во центарот на Јужна Америка, во низинскиот дел кој ја впива водата од сета површина околу него, па така и настанало ова огромно мочуриште.  Во најголем дел се простира во Бразил, иако делови од него влегуваат и во Боливија и Парагвај. Пантанал е место до каде човекот тешко може да стигне, па затоа безброј животни уживаат во својот живот таму.

Во Бразил живеат огромен број на диви животни. Во најголем дел живеат во амазонската дождовна шума, која е дом на 1 од 10 од сите можни растенија и животни во светот.

А, бидејќи во амазонската шума ретко кога можете да начекате и забележите некое животно, Пантанал е совршеното место каде животните слободно шетаат, како да чекаат некој да ги забележи и направи неверојатни фотографии од нив.

Во Пантанал живеат 652 видови на птици и диви животни од сите можни раси и видови, од отровни пајаци до алигатори, а заштитното животно ма мочутиштето е јагуарот.

Посетителите на Пантанал велат дека секоја посета на ова прекрасно место е нзаборавно искуство само по себе во било кое годишно време и во било кој период и да го посетите Пантанал, ова место е спектакл само по себе. За тоа придонесуваат фантастичната комбинација на бои и разноврсните животни кои ја прават сликата за ова место совршена. 
Познато како најголемото мочуриште во светот, Пантанал во Бразил е едно од најубавите места што човечкото око ги видел

Пронајдете не на следниве мрежи: