Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште е предвидено сведочење на законските застапници на оштетените во овој предмет.
Пред почетокот на рочиштетот, беше соопштено дека во келијата на Дејан Јованов – Деко, газда на дискотеката „Пулс“, бил пронајден мобилен телефон.
Судијаката Дијана Груевска Илиевска го опомена и изјави дека ако ова повторно се случи, ќе бидат забранети посети.
Пронаоѓањето на мобилен телефон во притворските одделенија се смета за тежок дисциплински престап, бидејќи овозможува непречена комуникација со надворешниот свет, што може да влијае врз текот на истрагата или врз сведоците.



