Најдоа ли лек за КОРОНА ВИРУСОТ во Русија?

Најдоа ли лек за КОРОНА ВИРУСОТ во Русија?

Федералната медицинско-биолошка агенција (ФМБА) претстави препарат за лекување на новиот коронавирус, соопшти информативната служба на агенцијата.

„Потпирајќи се на кинеското и на француското искуство Научно-производниот центар ‘Фармзашчита’ на Федералната медицинско-биолошка агенција на Русија, состави шема за лекување на инфекцијата од коронавирусот врз основа на мефлохин, препарат против маларија“, соопштуваат од ФМБА, а пренесува РИА Новости.

Предложено е Министерството за здравство да го вметне препаратот во методичките препораки за лекување на коронавирусот, се додава во агенцијата.

„Препаратот со висока ефикасност го блокира цитопатогениот ефект на коронавирусот во културата на клетката и спречува негова репликација, а имуносупресивното дејство на мефлохинот ја спречува активацијата на воспалението со кое организмот реагира на вирусот. Додавањето на макролидни антибиотици и синтетички пеницилини спречува формирање секундарен бактериски и вирусен синдром и воедно овозможува да се зголеми концентрацијата на антивирусни средства во крвната плазма и во белите дробови“, изјави директорката на ФМБА Вероника Скворцова.

На база на мефлохинот се работи и на создавање ефикасна и безбедна шема за преземање превентивни мерки.

Во петокот агенцијата ФMБА соопшти дека во Русија е направен експериментален препарат за вештачка вентилација на белите дробови кој ќе овозможи истовремено опслужување на неколку пациенти.

Претставничката на Светската здравствена организација во Русија Мелита Вујанович се сложи со претпоставката на Министерството за здравство на РФ дека во мај ширењето на коронавирусот во земјата ќе почне да паѓа.

Најновите податоци за ситуацијата поврзана со COVID-19 во Русија и во светот се претставени на порталот стопкоронавирус.рф.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ НА ТЕМА:

Нацрн ден досега во Британија, 260 мртви од КОРОНА ВИРУСОТ

Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата 

Radio Stations

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.