Најдобриот пијалок за здравјето на цревата

Добрата хидратација е од суштинско значење за целокупното здравје, но и за правилното функционирање на дигестивниот систем. Течностите помагаат во варењето на храната, ја одржуваат цревната обвивка здрава и ја поддржуваат рамнотежата на цревните бактерии кои влијаат на варењето, воспалението, па дури и расположението. Дури и благата дехидратација може да го забави варењето на храната и да доведе до запек, надуеност и непријатност, додека долгорочниот низок внес на течности може негативно да влијае на разновидноста на цревниот микробиом.

Освен водата, одредени пијалоци можат дополнително да го потпомогнат варењето на храната, а гастроентеролозите го посочуваат чајот од нане како особено добар избор. Станува збор за билен чај без кофеин направен од листови од нане, познат по своето смирувачко дејство врз дигестивниот систем.

Гастроентерологот Мухамед Ф. Хохар вели дека пиењето топол чај од нане ја поттикнува хидратацијата и празнењето на цревата и помага при грчеви во стомакот.

,,Чајот од нане има антиспазмодични својства, што е корисно за синдром на иритабилни црева (IBS) и воспалителна болест на цревата (IBD)“, објаснува тој за Parade.

Чајот, исто така, придонесува за подобро варење

Експертите истакнуваат дека повеќето од придобивките од чајот од нане се поврзани со маслото од нане, иако неговата концентрација во чајот е значително помала отколку во самото масло.

Д-р Џамил Алексис, гастроентеролог во „Стемфорд Хелт“, нагласува дека и покрај ова, чајот сè уште може да помогне во варењето на храната, додека д-р Џејмс Џ. Ли од болницата „Провиденс Сент Џозеф“ наведува дека нането има антиинфламаторни ефекти, ги опушта мазните мускули и ја намалува чувствителноста на дигестивниот систем

„Тие вклучуваат антиинфламаторни ефекти, релаксација на мазните мускули и намалување на висцералната болка и осетливост преку блокада на калциумовите канали“, вели тој, додавајќи дека ефектите ги вклучуваат хранопроводот, желудникот, тенкото и дебелото црево и жолчното кесе. Д-р Алексис истакнува дека чајот е особено корисен за луѓе со синдром на иритабилно црево и нарушувања на оската црево-мозок.

Умереноста е клучна.

Според нутриционистката д-р Кезија Џој, придобивките од чајот од нане се повеќе поврзани со ублажување на симптомите отколку со промени во цревната флора.

„Придобивките од пиењето чај од нане се повеќе поврзани со ублажување на симптомите отколку со промени во цревната флора“, вели таа.

Експертите предупредуваат дека треба да се консумира умерено, една до две чаши на ден, бидејќи поголемите количини можат да го влошат рефлуксот.

„Вкупните здравствени придобивки од редовниот, умерен внес се обично поголеми од оние од големи количини“, додава д-р Џој.

Нутриционистката Стефани Дан исто така нагласува дека е најдобро да се пие без адитиви: „Предноста на чистиот чај од нане е што не содржи шеќер или други состојки што можат да имаат негативни ефекти“.
The post Најдобриот пијалок за здравјето на цревата appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: