Најдобрите градови за живеење ако сте сингл

Барајќи го најдобриот град за луѓе кои се сингл не е само проценка на тоа кој град има најголем број слободни момци и девојки, туку важен е и финансискиот фактор. Покрај се, никој не би сакал да запознае некој што не може да си дозволи еден состанок.
За да се состави листа од овие градови се прави една анализа на приходите и животните трошоци.
Еве неколку:

Њујорк – Население: 18.700.715. Не мажени домаќинства: 53,0%. Среден приход на домаќинства: 63.915 долари. Њујорк одамна е познат како „ветената земја за млади и немирни“. Илјадници работни места се отворени, платите се на високо ниво. Што е најважно половина од возрасните се сингл.
Филаделфија- Население: 5.911.638. Немажени домаќинства: 53,1%. Филаделфија се смета како поевтина алтернатива на Њујорк или Вашингтон. Илјадници млади го увиделе тоа. Од 2000-та година, бројот на образовани млади луѓе кои живеат во центарот се зголемил за 57 %.
Лос Анџелес- Население: 12.723.781. Немажени домаќинства: 54,1%. Среден приходот на домаќинства: 59.876 долари.  Лос Анџелес е еден од најпросперитетните градови во светот. Со милион слободни места за сингл личностите од областа на образование, медицина, мода, култура и многу други.
Балтимур-  Население: 2.683.160. Немажени домаќинства: 52,9%. Среден приходот на домаќинство: 66.195 долари. Во Јануари во  Балтимор се отворени повеќе од  18.000 работни места, со плата над 50,000 долари.
Санта Круз- Калифорнија: Население: 4.244.889. Немажени домаќинства: 53,9%. Среден приход на домаќинство: 65.253 долари. Сончево, разиграно и либерално тоа е краткиот опис на овој град, каде е сместен кампусот на Универзитетот Калифорниија, во кој студираат преку 15.000 суденти.

 Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: