Најдобрите домашни лекови против кашлица

Кашлицата е еден од најчестите здравствени проблеми поради кои пациентите бараат лекарска помош.

Причини за појава на кашлица има безброј, но воглавно таа е знак за некоја постоечка болест. Понекогаш, кашлицата е обид на организмот да ги исчисти дишните патишта.

Кога кашлицата ќе почне да се влошува, важно е да се ослободите од неа што е можно побрзо. Сепак, пред да почнете да земате лекови на своја рака, најдобро е да пробате некој домашен рецепт за кашлица.

Всушност, многу од домашните лекови за кашлица се покажале како навистина ефективни.

Во продолжение погледнете ги најдобрите:

Лут сируп против кашлица
Овој сируп има антиоксидансни и антивирусни својства и значително ќе ја ублажи кашлицата.

Потребни состојки:

1 ситно исечкан кромид
3 корени свеж рендан ѓумбир
4 лажички квалитетен мед

Начин на подготовка:

Во сад ставете ги медот, ѓумбирот и кромидот. Добро промешајте ги состојките додека не добиете хомогена смеса.

Оставете да отстои преку ноќ, а следното утро извадете ги состојките од медот.

Препорачливо е да консумирате по една лажица од сирупот, 5 до 6 пати дневно.

Чај од ѓумбир
Со децении, ѓумбирот се користи како природен лек против кашлица. Оваа лековите билка помага во искашлувањето и прочистувањето на дишните патишта.

Потребни состојки:

1 лажица мед
2 лажици свеж лимонов сок
12 парчиња свеж ѓумбир

Начин на подготовка:

За да го направите чајот, во 6 децилитри вода ставете ги парчињата ѓумбир.

На тивок оган загрејте ја водата, но не дозволувајте да зоврие.

После 10 минути варење, прецедете го чајот и додајте ги медот и лимоновиот сок.

Во текот на денот треба да испиете неколку шолји од овој чај.

Сируп со мед и лимон
За медот одамна се знае дека е одличен сојузник во борбата против кашлицата, настинката и грипот.

Во комбинација со лимон, медот е одличен природен лек за кашлица.

Потребни состојки:

150 милилитри мед
50 милилитри свежо цеден лимонов сок
50 милилитри кокосово или маслинов масло

Начин на подготовка:

Добро измешајте ги сите состојки, а потоа загрејте ја смесата на тивок оган.

Откако ќе зоврие, ставете го сирупот во стерилно шише и чувајте го фрижидер (рокот на траење е 3 недели).

Во текот на денот консумирајте една лажица сируп, 2-3 пати. Можете да го пиете сирупот сè додека не исчезнат симптомите на кашлица.

Сируп за тешка и упорна кашлица
За овој сируп ќе ви бидат потребни повеќе состојки, но ќе ви се најде доколку имате тешка кашлица што не се повлекува.

Потребни состојки:

1 стапче цимет
2 гранчиња мајчина душица
150 милилитри мед
50 милилитри свежо цеден сок од лимон
50 милилитри кокосово масло
1 исечкана лута пиперка
1 чешне лук
1 мал ситно сечкан кромид

Начин на подготовка:

Циметот, мајчината душица, лукот, кромидот и пиперката ставете ги во сад и прелијте ги со мед и кокосово масло.

Добро промешајте ги состојките и зовријте ја смесата. Потоа тргнете ја од оган и оставете ја се излади.

Изладената смеса прецедете ја, вратете ја во садот и додајте го лимоновиот сок.

За складирање на сирупот ќе ви бидат потребни стерилни шишиња, а најдобро е да го чувате во фрижидер.

3 до 4 пати дневно, пијте по една лажица од сирупот.

Кромид и мед
Оваа комбинација одамна се користи како лек против кашлица.

Потребни состојки:

1 голема главица кромид
3 лажици багремов мед

Начин на подготовка:

Исечкајте го кромидот и ставете го во помал сад. Прелијте го со 3 лажици мед и затворете го садот.

Оставете ја смесата да отстои неколку часа, а потоа прецедете ја.

Во текот на денот пијте по 1 лажица од сирупот.

Пронајдете не на следниве мрежи: