Најдоброто време за „правење“ бебе- овие совети можат да ви помогнат

Но, доколку сакате да останете бремена, овие совети можат да ви помогнат:
1. Внимавајте на здравјето
Немојте да пушите бидејќи тоа значително го намалува зачнувањето, исто како и квалитетот и квантитетот на спермата. Кафето заменето го со чај, напивка која има двојно помалку кофеин, а е богата со антиоксиданси. Холандско истражување, во кое учествувале 9.000 жени, открива дека оние кои пијат четири или повеќе шолји кафе дневно за четвртина имаат помали шанси да останат бремени.


Избегнувајте и алкохол, бидејќи пет единици алкохол неделно значително го намалуваат квалитетот и квантитетот на спермата. Водете сметка и со лековите, ибупрофен или аспирин исто така можат да го отежнат зачнувањето.
2. Храна за плодност
Мажите не треба да консумираат млеко од соја бидејќи овие производи содржат изофлавони кои го имитираат ефектот на женскиот хормон естроген. Треба да јадат риба богата со омега-3 масни киселини, важни за производство на здрава сперма. Цинк, селен, витамин Ц, витамини Б12 и Е се исто така доби за производство на сперма.
Жените кои сакаат да станат мајки треба да избегнуваат благо и прости јаглени хидрати, како бел леб, паста и ориз. Овие намирници го зголемуваат нивото на инсулин што може негативно да се одрази на овулацијата.
3. Животен стил
Жените треба да останат активни, но да избегнуваат претерано напорни тренинзи бидејќи можат да спречат овулација. Претераното вежбање до состојба на исцрпеност го зголемува ризикот од проблеми со плодноста за дури 230 проценти. Треба да се внимава и на килограмите.
Кога станува збор за мажите, би требало да вежбаат три пати неделно за да го зголемат бројот на сперматозоиди, но претераното вежбање може да ги намали така што се намалува нивото на тестостерон. Мажите кои сакаат да станат татковци би требало да избегнуваат сауни, бидејќи топлината негативно влијае на спермата.
4. Опуштете се
Многу парови се нервираат кога некој ќе им каже „опуштете се, ќе дојде до бебе“. Но, докторката Кетрин Худ вели дека иако тоа е полесно да се каже, отколку да се направи, навистина дејствува.
„Постојат докази дека стресот ги намалува шансите за зачнување бидејќи влијае на овулацијата и на производството на сперма“, вели таа.
Една студија покажала дека високото ниво на стрес ги намалува шансите за забременување дури за 29 проценти.
Затоа, обрнете внимание на себе и одделете време за да го правите тоа што го сакате, како читање книги, слушање музика, јога, пишување поезија, гледање комедии и слично.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.