Најдовте пари на улица: Еве што да направите за да ве следи среќа

Често се случува луѓето да пронајдат пари на улица и да си ги земат. Тој момент не е само среќа, туку има поголемо значење.
Кога ќе пронајдете пари, обидете се да ја запомните првата мисла која ќе ви помине низ глава. Таа вообичаено укажува на пораката која ситуацијата вија испраќа. Од тоа зависи и кој број се наоѓа на парата која ќе ја најдете, а некои укажуваат дека треба да останете позитивни, додека други да не брзате.
Порталот themindsjournal.comима детално објаснување:
Ако најдете:
Паричка со број 1
Бројот е поврзан со нов почеток, сигнализира нови идеи, постигнувања, напредок и успех. Порачува да останете позитивни и дека вашето време доаѓа.
Паричка со број 2
Овој број има порака поврзана со независност. Укажува на тоа дека мора да научите да се прилагодите, да ја знаете важноста на односите со другите иако независноста е важна и добра, постојат граници. Не можете секога во се да бидете сами, понекогаш потребно е да соработувате со други.
Освен ова, бројот два има неколку други значења: бременост, хармонија, трпение и партнерство.
Паричка со број 5
Овој број ви покажува дека имате способност да постигнете се што имате замислено и дека животот е возбудлив. Време е за раст, ширење, промени. Монетата е пет денари или банкнота од 50, 500 или 5000 денари ви покажуваат дека мора да ги искористите своите таленти.
Паричка со број 10
Бројот 10 сака да ви порача да верувате во својата интуиција и да го направите тоа што сте го наумиле или одлучиле. Ослободете се од стравот бидејќи тие одлуки ќе ви донесат позитивна промена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.