Најдолни навреди за Муцунски од српски медиум поради неговата поддршка на апсењето на Мадуро

Фото: МНРнТ

Пропагандистички медиуми блиски до Вучиќ,  денеска се отворија  со навреди против  македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Повод за нападите е јавна објава на Муцунски, во која тој изрази поддршка за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на приведувањето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, како и пофалби за улогата на американскиот државен секретар Марко Рубио во, како што наведе, борбата против нарко-криминалните мрежи поврзани со режимот во Каракас.
Дел од белградските медиуми во своите текстови изнесуваат критики дека ваквиот став на македонскиот министер претставува, како што наведуваат, „слепа послушност“ кон Вашингтон и Брисел, притоа обвинувајќи го за игнорирање на прашањата за државен суверенитет и меѓународното право.

Во написите се тврди дека Македонија безрезервно ги следи политиките на западните центри на моќ и дека во конкретниот случај американската интервенција се третира како легитимна, и покрај, според нив, спорниот начин на нејзино спроведување.
Во написите не се штедат зборови на најдолни навреди. Така, белградскиот портал Информер македонскиот министер за надворешни работи во насловот го нарекува “северномакедонски бедник”, а Македонија “банана држава”.

Пронајдете не на следниве мрежи: