Најлуксузната маска во светот нема да ве заштити од коронавирусот

Компанија специјализирана за луксузен накит и часовници претстави маска од 18-каратно злато обложена со 3.040 бели дијаманти. Маската чини 250.000 долари и е единствена во светот.
Може да се купи само во продавницата Jacob&Co во Дубаи. Оваа маска не штити од вирусот, се носи преку класична маска како аксесоар.
Претходно, пишувавме за најскапата маска против коронавирусот, која се изработува во Израел и чини 1,5 милиони долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.