Најмалку шест лица беа убиени, а 22 повредени во напад врз автобус на влезот во Ерусалим. Нападот се случил околу 10:13 часот по локално време кога напаѓачите се качиле во автобусот и почнале да пукаат кон патниците, објави „Ерусалим пост“.
Израелската армија убила двајца напаѓачи на местото на настанот, во она што се верува дека е терористички напад, објави „Тајмс оф Израел“.
Сите влезови и излези во градот се затворени и во тек е потрага по можни соучесници, а безбедносните служби објавија дека пристапите кон градот ќе останат затворени подолг период. Повредените, според извештаите, се однесени во блиските болници, а седуммина се во критична состојба. Голем број полицајци и воени лица се на местото на пукањето.



