Најмалку 17 лица загинаа во автобуска несреќа во Дубаи

Дубаи: Најмалку 17 загинати во автобуска несреќаНајмалку 17 луѓе од различни националности загинаа, а повеќемина се повредени кога автобус удрил во сообраќаен знак покрај пат во Дубаи, јави Би-Би-Си.
Во автобусот на автопревозничката компанија “Муасалат“ од Оман, имало 31 патник, а несреќата се случила на патот што го носи името на шеикот Мохамед бин Зајед.
Индиските власти соопштија дека меѓу загинатите има осуммина државјани на Индија и  дека меѓу повредените има Индијци. Засега нема податоци за националноста на останатите жртви на сообраќајната несреќа.
Возачот на автобусот е повреден, а истрагата е во тек, пренесоа локалните медиуми.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK