Најмалку 26 Палестинци се убиени во новите израелски воздушни напади врз Газа

– Најмалку 26 Палестинци се убиени во новите израелски воздушни напади врз Појасот Газа, соопштија медицински извори.Извор наведе дека 10 лица ги загубиле животите во три одделни напади врз шаторите во кои биле сместени раселените цивили во јужниот град Xан Јунис.Уште еден Палестинец бил убиен во воздушен напад врз група цивили западно од градот, додаде изворот.Израелските воени авиони нападнале и куќа во бегалскиот камп Бурејџ во централна Газа, при што биле убиени најмалку осум лица од исто семејство, соопшти друг медицински извор.Четворица Палестинци во Газа се убиени кога израелските авиони нападнале дом во населбата Сабра, според медицински извори.Тројца Палестинци се убиени во друг напад врз куќа во северниот град Беит Лахија.Денешните напади се извршени кога Израел продолжува да ги затвора граничните премини на Газа за хуманитарна помош, предизвикувајќи сериозен недостиг на прехранбени продукти во разурнатата територија.Израелската Армија на 18 март започна ненадејна воздушна кампања врз Појасот Газа, убивајќи најмалку 730 луѓе, а речиси 1.200 беа повредени, и покрај примирјето и договорот за размена на затвореници што беше постигнат во јануари.Над 50.000 Палестинци се убиени, главно жени и деца, а над 113.200 се повредени во бруталната израелска воена офанзива врз Газа од октомври 2023 година.Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.

Пронајдете не на следниве мрежи: